Борбата против корупцијата е една од клучните реформски приоритети. Новиот состав на Државната комисија за спречување корупција, која не функционира со месеци, треба да се формира брзо, да вклучува професионалци и да има поголема моќ, доволно средства и целосна независност; таа треба да донесе свежина во борбата против корупцијата, рече амбасадорот Жбогар. Во интервјуто се разговара и за текот на реформите во другите области, посебно судството, Договорот од Преспа, очекувањата од јунскиот состанок на Советот на ЕУ...