Human Rights & Democracy

Изјава на амбасадорот Самуел Жбогар за усвојувањето реформски закони во Собранието

Скопје, 17/02/2020 - 17:58, UNIQUE ID: 200217_12
Speeches of the Ambassador

Го поздравувам донесувањето во Собранието, сега веќе распуштено во пресрет на изборите на 12 април, на неколку важни реформски закони, вклучувајќи ги и оние за Јавно обвинителство, за Советот на јавни обвинители и за автоматизираниот систем за управување со судски предмети.

Нивното спроведување треба да го зајакне владеењето на правото и да овозможи поголема професионалност и ефикасност на судскиот систем за доброто на граѓаните на Северна Македонија.

Овие закони, како и тие поврзани со лицата без регулиран граѓански статус и со Изборниот законик, се одговор на препораките во извештаите на ЕУ за земјата и ја потврдуваат решеноста на Северна Македонија да продолжи по патот на интеграција во ЕУ.

 

Languages: