Western Balkans

Повик за ангажирање на консултанти – Зајакнување на социјалниот дијалог

01/10/2019 - 15:26
EU project positions

Проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од ИЛО има за цел подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку зајакнување на институциите и законодавството, како и со активности насочени кон зајакнување на капацитетите на трипартитните засегнати страни за нивна ефективна вклученост во социјалниот дијалог.

Компонента 1 од проектот има за цел подобрување на функционирањето и видливоста на ЕСС преку развивање на методи за зголемување на влијанието на ЕСС и надминување на предизвиците со финансирање, давање мислења и следење на последователните активности од препораките/мислењата/советите. Со активноста ќе се олесни националното размислување околу потребните промени во тековните законски и институционални рамки на ЕСС и ќе им се помогне на трипартитните чинители во процесот на барање соодветни решенија за тековните законски и практични тесни грла. Во рамките на оваа компонента, отворен е повик за изразување интерес за ангажирање консултанти за Зголемено учество на ЕСС во обликување на националната агенда за економско-социјална реформа.

Надворешните консултанти и/или консултантските фирми заинтересирани за соработка со ИПА проектот за Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува МОТ, во горенаведените области на експертиза се повикуваат да ги поднесат своите апликации најдоцна до 7 октомври 2019 година на следниве е-адреси: simjanoska@ilo.org; kalenzis@ilo.org и jovanovska@ilo.org, конкретно наведувајќи ја темата за која аплицираат.

Повеќе информации:

Languages: