European Union External Action

EEAS RSS Feeds

Displaying 1 - 10 of 19

Денеска во Брисел, високиот претставник/потпретседател Жозеп Борел имаше видео средба со премиерот на Северна Македонија Зоран Заев.

Languages:

Првата ЕУ- Западен Балкан конференција за медиумска писменост се одржа на 29 септември и на неа учествуваа проверувачи на факти, млади лица, новинари и надлежни тела од Западен Балкан, ЕУ и пошироко, кои дискутираа за медиумската пписменост и борбата против дезинформациите. Заклучоците на Конференцијата упатуваат на потребата сите актери – ЕУ, локалните власти и граѓанското општество – да инвестираат во образование, да ги вклучат младите, да го поддржат професионалното новинарство и проверувачите на факти, со цел јакнење на демократијата и борбата против дезинформациите.

Languages:

Во нејзиниот прв годишен говор за состојбата во Унијата, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, претстави патоказ за тоа како Европската Унија да ја надмине кревкоста што корона кризата ја исфрли на површина и како да изгради витална унија.

Со почетокот на пандемијата на ковид-19, дезинформациите и лажните информации зедоа замав ширум светот, вклучително и во Западен Балкан. Организациите за проверка на факти во регионов засилено работат на разоткривање и спротивставување на дезинформациите, подигнувајќи ја свеста и давајќи придонес во локалните јавни дебати за овој проблем. Од 30 јули, водечките организации за проверка на факти од Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора ја продолжија нивната важна работа и во рамките на програма за проверка на факти што е дел од стратегијата на Фејсбук за борба против дезинформациите.

Languages:

Предвремените парламентарни избори се одржаа во Северна Македонија на 15 јули, во контекст на предизвиците поврзани со пандемијата со Ковид-

На 9 Мај го одбележуваме Денот на Европа. Седумдесетгодишнината од Шумановата декларација е можност да размислиме што значи европската интеграција и која е улогата на ЕУ во светот. Го користам овој напис во блогот да го направам тоа од личен агол; да образложам зошто вреди да се брани Европа како идеја и политички проект.

Во пресрет на состанокот закажан за 6 мај меѓу ЕУ и регионот, Унијата ја засилува поддршката за Западен Балкан во справувањето со корона-кризата.

Languages:

Сите ние поминавме многу тешка седмица, а пандемијата на корона вирусот и нејзините глобални последици и натаму преовладуваат во насловите на вестите и во нашите мисли. Овие настани засенија една важна одлука која не го доби заслуженото внимание. Во екот на кризата со корона вирусот, Европската Унија одлучи да отвори пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова е добра вест за двете земји, за Западен Балкан и за цела Европа.

За време на моите неодамнешни посети на Западен Балкан, имав можност да се сретнам со исклучителни и впечатливи луѓе од сите сфери на живеењето. Фокусот обично се става на моите средби со политичките водачи. Но овој пат сакам да ги нагласам разговорите кои ги имав со луѓето од регионот: млади активисти кои сакаат почист воздух и позелен регион; жени со стремеж да ја остварат нашата заедничка европска иднина и кои се борат да имаат поголема улога во решавањето конфликти. Се надевам дека сите овие луѓе со големи идеи, знаење, таленти и решителност ќе имаат значајна улога во унапредувањето на процесот на пристапување на регионот кон ЕУ. Тие мора да ја имаат оваа улога ако сакаме процесот да успее.

Ми претставува чест и привилегија да ја преземам улогата на Висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија

Pages