Тендери со ниска и средна вредност
Ако сте заинтересирани за некој од тендерите со ниска и средна вредност, може да искажете интерес со испраќање ваши податоци за контакт:
- име на компанијата,
- поштенска адреса,
- лице за контакт,
- адреса од е-пошта
на адресата од е-пошта за контакт наведена за секој тендер. Напишете го името или предметот на тендерот за којшто сте заинтересирани во делот „предмет“ од е-пораката.
Штом истече рокот за запишување (искажување интерес), ќе ве додадеме на листата на економски оператори на кои ќе им биде испратена покана за тендерот со информации за тоа како се поднесува понуда.
Тендери со голема вредност
Ако сте заинтересирани за еден од тендерите со голема вредност, следете го Службениот весник на Европската Унија каде што ќе се објави известување за договорот. Информации за начинот на поднесување понуди ќе бидат објавени во известувањето за договор каде што е активиран тендерот.