European Union External Action

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ОБЛАСТА НА ТРИПАРТИТНИОТ СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ

12/12/2016 - 15:46
EU project positions

Вовед и резиме

 

Трипартитниот социјален дијалог подразбира соработка меѓу Владата на Република Македонија и репрезентативните социјални партнери, Организацијата на работодавачи на Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во формулирањето и имплементацијата на економските и социјални политики. Овој дијалог беше институционализиран во 1996 година, со основање на националниот Економско-социјален совет.

 

Економско-социјалниот совет има советодавна и консултативна улога за актите и политиките од економската и социјалната област и дава мислења, предлози и препораки на Владата. Со цел подобрување на неговиот технички капацитет и да може да носи веродостојни и информирани препораки на различни теми, ЕСС треба да воспостави соработка со независни експерти од професионалните здруженија и академската заедница.  

 

Следствено, врз основа на Комуникациската стратегија и план за ЕСС, и со поддршка на проектот Унапредување на социјалниот дијалог,  кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, Економско-социјалниот совет го објавува следниот:

 

Повик за изразување интерес

 

Овој повик за изразување интерес е со цел да се ангажираат национални консултанти и/или консултантски фирми кои работат во областа на правото и индустриските односи. Се повикуваат националните експерти и/или консултантски фирми  заинтересирани за ангажманот наведен подолу да ги поднесат своите апликации како што е наведено:

 

Област на експертиза

Податоци за ангажманот

Процена за бројот денови потребни за ангажманот

Влијание од воведувањето на минималната плата

  • Истражување
  • Изготвување анализа, кој ќе содржи резиме за дефинирањето на минималната плата; врската меѓу минималната плата и продуктивноста; ефектите од минималната плата врз општото ниво на платите; ефекти на минималната плата врз економијата воопшто
  • Поднесување на конечната анализа, вклучувајќи ги препораките на МОТ и на Националниот економско-социјален совет

 

10 работни дена

 

Краен рок: 10 март

 

 

 

 

Пензискиот систем, вклучително и ефектите од воведувањето на вториот столб

  • Истражување
  • Подготовка на анализа, кој ќе содржи резиме за пензискиот систем; промените во пензискиот систем; воведување на вториот столб, одржливоста на тековниот фонд за пензиско осигурување; и компаративна анализа со другите европски земји што имаат воведено повеќестолбен систем
  • Поднесување на конечната анализа,  вклучувајќи ги препораките на МОТ и на Националниот економско-социјален совет

 

 

 

15 работни дена

 

Краен рок: 10 март

 

 

 

 

Ефектот од промената на стапките на данокот на доход и на даноци и придонеси од плата

  • Истражување
  • Изготвување анализа, која ќе  ги опфаќа ефектите од политиката на рамни даноци – персонален данок на доход, даноци и придонеси од плата и данок на добивка. Анализата треба да покаже дали намалувањето на стапките на овие даноци и придонеси ги намалува вкупните давачки на компаниите или со проширувањето на даночните основици се неутрализира позитивниот ефект.
  • Поднесување на конечната анализа,  вклучувајќи ги препораките на МОТ и на Националниот економско-социјален совет

 

 

 

15 работни дена

 

Краен рок: 10 март

Формирање на фонд за развој на социјалниот дијалог

  • Истражување
  • Изготвување анализа за можноста за формирање фонд за развој на социјалниот дијалог, кој ќе се финансира од работодавачи и работници кои не се членови на синдикат или организација на работодавачи; компаративни искуства од земји-членки на ЕУ
  • Поднесување на конечната анализа,  вклучувајќи ги препораките на МОТ и на Националниот економско-социјален совет

 

 

 

5 работни дена

 

Краен рок: 10 март