Вкупно 449 проекти од 279 градови во 41 земја се најдоа на првата листа на номинации за наградата на Европската Унија за современа архитектура за 2022 година, уште позната и како награда Миес.
Листата вклучува и проекти од Западен Балкан (меѓу кои и 7 од Северна Македонија), како и од земјите од Источното партнерство и Јужното соседство кои учестуваат во програмата „Креативна Европа’’. Станува збор за проекти завршени меѓу октомври 2018 година и октомври 2020 година. Втората листа на номинации ќе опфати проекти завршени во периодот ноември 2020 - април 2021 година и ќе биде објавена во септември.
Во време кога климатските промени, загадувањето и демографскиот раст повеќе од кога било порано ги погодуваат планетата, нејзините природни ресурси и нашата благосостојба, и кога зградите и инфраструктурата се одговорни за најмалку 40% од издувните гасови, наградата ЕУ Миес го поддржува промислувањето и повторното планирање на Европа. Наградата и’ дава приоритет на заштитата на животната средина – преку културен проект во кој дизајнот и одржливоста се неразделиви елементи.
Наградата се надоврзува на неодамнешната иницијатива на Европската комисија, „Нов европски Баухаус“ – еколошки, економски и културен проект чија цел е преку комбинирање на дизајнот, одржливоста, достапноста и инвестициите да помогне во остварувањето на Европскиот зелен договор. Со други зборови, Новиот европски Баухаус ни го носи Зелениот договор дома и повикува на колективен напор за осмислување и градење иднина која ќе биде одржлива, инклузивна и убава - и за тело и за душа.
Повеќе информации на следните линкови
https://miesbcn.com/wp-content/uploads/2021/02/ENG_2nd-press-release-1.pdf