Делегација на Европската Унија во Република
Северна Македонија

Помош од ЕУ за Северна Македонија во контекст на КОВИД-19: Заокружена испораката на итни медицински материјали од 4 милиони евра, следува значајна помош за економско закрепнување

30/06/2020 - 14:58
News

Освен што одговори на итните потреби на здравствениот систем, ЕУ обезбеди дополнителни 220 милиони евра во форма на директна поддршка и заеми за да и’ помогне на земјата да го ублажи ударот од пандемијата. Ова е јасна порака дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и нејзините граѓани и дека заедно ќе ја надминеме оваа криза и ќе закрепнеме.

 

Со испорака на 20 монитори за пациентите на интензивна нега, 20 сензорни пулсни оксиметри и 25.000 тестови за КОВИД-19 до Министерството за здравство, Европската Унија ја заокружи помошта во вредност од 4 милиони евра за набавка на итна медицинска опрема и материјали. Во последните два месеца, откако беше направена првата испорака на крајот на април, ЕУ покажа солидарност со Северна Македонија и нејзините граѓани, доставувајќи повеќе од 1 милион единици витална медицинска опрема и производи  за лична заштита и зајакнувајќи го капацитетот на здравствениот систем за борба против КОВИД-19. Оваа поддршка на ЕУ беше спроведена во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS) и беше координирана со Секретаријатот за европски прашања како главен координатор на земјата за меѓународна помош.

 

 

Приоретизацијата на медицинските материјали се спроведуваше во согласност со потребите на здравствениот систем и беше координирана со Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство. Во овие два месеци, ЕУ испорача 25 уреди за механичка вентилација (респиратори), 20 монитори за интензивна нега, 40.000 единици различна медицинска опрема како маски за кислород, филтри, катетери и други материјали. Лична заштитна опрема како 30.000 маски за лице, 100.000 хируршки маски, 750.000 ракавици, 20.000 заштитни очила, 100.000 заштитни капи, 50.000 наметки, 16.000 скафандери, реагенси и сонди доволни за 25.000 тестови на KOVID-19 и големи количини средства за дезинфекција и други основни материјали за лична заштита беа набавени и доставени до медицинските работници низ целата земја

 

Оваа помош, заедно со иницијативите за индивидуална помош од земјите-членки на ЕУ, претставува  најзначајна меѓународна поддршка што земјата ја доби во борбата против последиците од пандемијата. Европската Унија исто така стави на располагање над 220 милиони евра како директна поддршка и заеми за да земјата го ублажи ударот на пандемијата и се справи со економските предизвици кои произлегоа од неа.

 

PDF iconinfografik_covid_2806_ema.pdf

 

Languages: