Делегација на Европската Унија во Република
Северна Македонија

Вработените во Делегацијата на ЕУ и познати личности се вклучија во #ЗаЧистоКакоДомаИсто

01/07/2019 - 10:57
News

Во рамките на кампањата на Делегацијата на ЕУ за поддршка на еко-активизмот, нејзините вработени, предводени од амбасадорот Самуел Жбогар, дадоа пример како секој треба да го чисти ѓубрето на јавните места и на тој начин да води сметка за нив онака како што се грижи за сопствениот дом.

„Го применуваме она за што се залагаме“ беше неформалното мото на персоналот на Делегацијата, кој ги здружи силите со вработените од јавниот радиодифузен сервис МРТВ во чистењето на кејот на реката Вардар, во центарот на Скопје. Акцијата беше засилена со учество на регистрирани еко-активисти и актери од популарната ТВ серија „Преспав“.

„Прекрасно е чувството да се биде еко-херој“, вели амбасадорот Жбогар со насмевка, тргајќи ја заштитната маска која ја носеше додека отстрануваше отпадоци од кејот.

Во меѓувреме, три познати личности – поранешната ракометарка Индира Кастратовиќ и актерите Дритон Вејсели и Сашко Коцев – официјално станаа дел од кампањата.

Индира Кастратовиќ https://www.youtube.com/watch?v=YJFQUobrFm0
 
Дритон Вејсели https://www.youtube.com/watch?v=yw_nUNuGDik
 
Сашко Коцев https://www.youtube.com/watch?v=WnAwzvAcCQE

„За чисто како дома исто“ има за цел да помогне во подигнувањето на јавната свест за заштитата на животната средина, да ги поддржи еко-активистите, да поттикне повеќе луѓе да им се приклучат на таквите активности во нивните соседства, како да ги охрабри градоначалниците да развијат сопствени еколошки активности во општините.

 

Languages: