Делегација на Европската Унија во Република
Северна Македонија

ЕУ помага во заштитата и промовирањето на природните убавини: отворен информативен центар за посетителите на Куклица

06/06/2019 - 15:22
Видео

Низ милениумите, природната ерозија обликувала над 120 камени столба кои наликуваат на луѓе на локалитет во близина на Кратово. За оние што повеќе сакаат митови отколку научни факти, легендата вели дека станува збор за сватови кои се скамениле откако ги проколнала поранешната девојка на младоженецот. Информативниот центар се очекува да го зголеми бројот на посетители на Куклица и квалитетот на информациите кои тие ќе ги добиваат, како и да привлече нови инвестиции за заштита на овој редок природен споменик

Languages: