Делегација на Европската Унија во Република
Северна Македонија

Интервју на амбасадорот Жбогар за Сител ТВ по повод објавувањето на годишниот извештај на ЕК: Чиста препорака за почнување преговори

31/05/2019 - 11:46
Видео

Северна Македонија направи значајни промени. Таа е единствената земја во регионот каде сите политички чинители се собраа на иста маса кај претседателот на државата по повод извештајот за да разговараат за иднината. Земјата е единствена во регионот и по тоа што опозицијата разговара во Парламентот со владата за значајни закони. Таа е единствена и по тоа што нема проблеми со ниедна соседна земја. Северна Македонија се истакнува како земја која по многу години чекање треба да се придвижи кон следната фаза од процесот на интеграција во ЕУ, вели амбасадорот во интервјуто.

Languages: