Делегација на Европската Унија во Република
Северна Македонија

Делегацијата на ЕУ се приклучи на кампањата за доаѓање на работа со велосипед

21/05/2019 - 16:56
News

Амбасадорот Самуел Жбогар и вработените во Делегацијата кои користат велосипед дадоа пример за тоа како може да се патува до работното место на начин кој е здрав и воедно помага да се намали загадувањето во Скопје. Тие се надеваат дека многу граѓани ќе го следат нивниот пример.

Вработените во Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија го прифатија предизвикот наречен „ВелоМај“ за да промовираат здрав и еколошки начин на патување до работа.

Оваа кампања, која трае од 1 до 31 мај, ја организираат институциите на ЕУ, со учество и на делегациите, со цел да ја промовираат употребата на велосипедот како превозно средство, во согласност со политиките за здравје и благосостојба на својот персонал.

Делегацијата во Скопје имаше дополнителна причина да биде дел од кампањата. Охрабрувањето што е можно повеќе граѓани да користат велосипед (не само овој месец) придонесува и за подобрување на квалитетот на воздухот – нешто што е предизвик за Скопје во текот на целата година.

Од овие причини, раководството на Делегацијата набави два велосипеди (од кои едниот електричен) кои вработените ги користат за да одат на состаноци надвор од канцеларијата. Освен тоа, две службени возила наскоро ќе бидат заменети со хибридни.

 

Languages: