Посета на Комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи

Во среда, 15 Јануари 2020, Комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи ја посети Северна Македонија при неговата прва посета вон границите на Европската Унија, со што испрати силен сигнал дека перспективата на Северна Македонија и на регионот како целина за интеграција во Европска Унија останува приоритет. За време на неговата посета, Комесарот Вархеи се сретна со Претседателот Пендаровски, Премиерот Оливер Спасовски и Претседателот на Собрание, Талат Џафери. Тој исто така се сретна и со лидерите на двете главни политички партии – лидерот на СДСМ, Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Комесарот Вархеи ја нагласи неговата лична посветеност на европската интеграција на Западен Балкан, изјавувајќи дека, „геополитичката Комисија не може да работи без поголема моќ, поголемо влијание во регионот„. Медиумите известуваа широко за неговиот оптимизам за наскоро отворање на преговори помеѓу Северна Македонија и Европската Унија, кое ќе биде главната цел во претстојниот период, кога паралелно со подобрувањето на методологијата на преговори, Комисијата исто така ќе работи и на наскоро отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија. Покрај ова, комесарот Вархеи исто така рече дека Европската Комисија ќе го поддржи економскиот развој на Западен Балкан, ќе работи на зајакнување на присуството на ЕУ во регионот и ќе помогне во намалување на разликите во економскиот развој помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.
Комесарот го поздрави напредокот кој Северна Македонија го има постигнато досега. „Северна Македонија е стабилна во реформите благодарение на сите влади кои ги имаат посветено нивните напори на тоа. И не само оваа влада, туку и претходната влада и таа пред нив. Има национален консензус и се надевам дека овој национален консензус ќе трае долго. Ова ќе помогне во сé поголемиот предизвик штом пристапните преговори почнат„ рече Вархеи.
Вархеи потврди дека земјата има постигнато впечатлив напредок во тешките реформи и ја нагласи важноста на задржување на овој моментум како и продолжување со реформите. Тој особено ја нагласи важноста од усвојување на Законот за јавно Обвинителство пред изборите закажани за во Април. Понатаму, тој исто така посочи дека е важно да се продолжи со спроведување на Договорите со Грција и Бугарија, независно од тоа кој е на власт.