Delegation of the European Union to Norway

Извештај за 2018 година на ЕУ за човековите права и демократијата во светот

Bruxelles, 17/05/2019 - 11:29, UNIQUE ID: 190517_7
Press releases

На 13 мај 2019 година, Советот го усвои годишниот извештај на ЕУ за човековите права и демократијата во светот во 2018 година.

Извештајот забележа дека во 2018 година, ЕУ остана предводник во заштитата и унапредувањето на човековите права во геополитички пејзаж подложен на брзи промени. ЕУ се вклучи во активности ширум светот во согласност со целите поставени во Акцискиот план на ЕУ за човекови права и демократија (2015 – 2019). Советот потврди дека во непредвидлив свет, Акцискиот план игра голема улога во спроведувањето на агендата за човекови права.

Минатата година се обележа 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, и во текот на годината ЕУ продолжи силно да го поддржува унапредувањето и заштитата на човековите права како клучен дел од мултикултурализмот, кој е посебно важен во време кога се појавуваат сериозни негативни трендови во врска со човековите права и демократијата во целиот свет.

Во таа година е забележан пораст на заканите и насилството врз новинари и други медиумски работници, што дополнително го стеснува просторот за слободно новинарство. Во согласност со приоритетите на Глобалната стратегија за надворешната и безбедноста политика на ЕУ, Унијата продолжува енергично да се противи на какви било неоправдани ограничувања на правата на слободно здружување и на мирно собирање.

Извештајот за 2018 година исто така вели дека годината не ја обележаа само предизвици и пречки поврзани со човековите права, туку дека имаше и позитивни промени. Во 2018 година, ЕУ ги идентификува и поддржа позитивните наративи за човекови права, надградувајќи ја визијата на Агендата 2030, која се заснова на човековите права. Иницијативата предводена од ЕУ „Добри приказни за човековите права“, која започна во текот на 73-тото Генерално собрание на Обединетите Нации, имаше широк одек во светот и има за цел да обезбеди ефективен механизам за позитивни промени во иднина.

Прегледот на ситуацијата во Северна Македонија во 2018 година може да се погледне овде

https://eeas.europa.eu/headquarters/headquarters-homepage/8437/eu-annual-reports-human-rights-and-democratisation_en

 

 

 

Languages: