„Вавилон – нова генерација“ 2025 за најдобар студентски превод

На 25 септември 2025 година, Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, ја додели наградата „ВАВИЛОН - нова генерација“ за најдобар студентски превод. Настанот се одржа во Јуроп Хаус во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците.
Наградата ВАВИЛОН има за цел да ги поддржи младите преведувачи во Северна Македонија и да ја нагласи важноста на квалитетот во книжевните преводи. Конкурсот е отворен за студенти кои можат да аплицираат со превод на книжевно дело од кој било од 24-те официјални јазици на Европската Унија на кој било од јазиците што се зборуваат во земјата.
Овогодинешната награда ѝ беше доделена на Јана Секулоска за нејзиниот превод на краткиот расказ „Мајките беа сите исти“ (од Џозеф О’Конор) од англиски на македонски јазик од страна на амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Наградата се состои од студиско патување поврзано со превод, како и објавување на победничкиот превод во Годишникот на собраните дела на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

EUD