Delegation of the European Union to Nigeria and ECOWAS

Достапни фондови за приватни компании - погледнете овде

03/10/2019 - 17:21
News

Малите и средни претпријатија (МСП) се ’рбетот на економијата на земјата и создаваат околу 80% од работните места. И покрај нивната економска важност, развојот на малите бизниси и натаму се соочува со сериозни пречки. МСП не добиваат доволно помош од локалните комерцијални финансиски институции. Зголемената конкуренција од европските и останатите пазари создава притисок врз локалните бизниси и го ограничува нивниот развој.


Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП во Република Северна Македонија е создадена токму со цел да им помага на приватните МСП да ги исполнат новите регулативи и да ги разберат барањата за подобрувања во сферите на заштита на животната средина, безбедност на работа, и квалитет и безбедност на производите.


Околу 36 милиони евра се достапни во рамките на оваа програма, од кои Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува 30 милиони за заеми за МСП, додека ЕУ обезбедува 4,5 милиони евра за грантови за фирмите кои бараат заеми и дополнителни 1,5 милиони евра за советодавни услуги за МСП кои пополнуваат апликации за заем.


Заинтересираните приватни компании може да најдат повеќе информации на наменскиот информативен портал https://web-sme-csp.com/republic-north-macedonia/mk/

 

 

Languages: