Delegation of the European Union to Montenegro

Говор за состојбата во Унијата – градење свет во кој сакаме да живееме: Витална Унија во кревок свет

16/09/2020 - 13:54
News stories

Во нејзиниот прв годишен говор за состојбата во Унијата, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, претстави патоказ за тоа како Европската Унија да ја надмине кревкоста што корона кризата ја исфрли на површина и како да изгради витална унија.

soteu

 

Дебатата за состојбата во Европската Унија во 2020 година се случи во време на неизвесност, додека пандемијата на корона вирусот се’ уште ги погодува сите аспекти од европските и светските стопанства и општества. Пандемијата укажа и на кревкоста на светскиот систем и на важноста на соработката во справувањето со колективните предизвици: „Бидејќи ова беше глобална криза, мора да ги научиме глобалните лекции“.

Фон дер Лејен нагласи дека Европа има ретка можност да оствари планска промена со т.н. идна ЕУ генерација и оти Европа „располага со визија, план, инвестиција“ потребни тоа да се направи.  За да и’ овозможи на Европа да стане зелена, дигитална и поотпорна, Европската Комисија ќе се фокусира на (детали за главните иницијативи) https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/soteu2020-factsheet-main-init...):

  • Заштита на животите и примањата во Европа, на здравјето на нашите граѓани и на стабилноста на нашата економија;
  • Зајакнување на столбовите на Европскиот зелен договор и подигнување на нашите амбиции – Фон дер Лејен најави во обраќањето дека Комисијата ќе предложи намалувањето на издувните гасови да се зголеми на 55%;
  • Предводење на дигиталната трансформација, особено во смисла на податоци, технологија и инфраструктура;
  • Максимално искористување на нашиот единствен пазар;
  • Натамошно залагање за глобален одговор додека светот чека достапна и безбедна вакцина против ковид-19;
  • Усвојување нов пристап кон миграцијата, натамошно следење на состојбата со владеењето на правото и градење унија во која ќе нема место за расизам и дискриминација;
  • Поенергичен одговор на светските настани и продлабочување на нашите односи со најблиските соседи и глобални партнери на ЕУ. Во врска со задачите на Унијата на светската сцена и како глобален фактор, претседателката Фон дер Лејен повика на обновување и реформа на мултилатералниот систем, вклучувајќи ги ОН, Светската трговска организација и Светската здравствена организација. „Со силни Обединети Нации ќе најдеме долгорочни решенија за кризите како оние во Либија или Сирија.  Со силни Обединети Нации подобро ќе се подготвиме и ќе одговориме на глобални пандемии или на локални епидемии, без оглед дали се работи за корона или ебола. И со силна Светска трговска организација ќе обезбедиме фер конкурентност за сите. Меѓутоа, точно е и дека потребата од обнова и реформа на системот на мултилатеризам никогаш не била поитна. Нашиот глобален систем се претвори во бавна парализа. Големите сили или се повлекуваат од институциите или ги претвораат во заложници заради сопствени интереси. Овие опции не водат никаде. Да, сакаме промена. Но промена со план, а не со уништување на меѓународниот систем. Затоа сакам ЕУ да ги предводи реформите во СТО и СЗО за да тие се прилагодат на светот денес. Но знаеме дека мултилатералните реформи бараат време, а светот во меѓувреме нема да запре. Постои јасна потреба Европа да заземе јасни ставови и да преземе брза акција во однос на глобалните прашања“.

Претседателката Фон дер Лејен вети дека ќе ги искористи „дипломатската сила и економската моќ на Европа за постигнување договори кои ќе донесат промена“ во однос на етичките и прашањата на човекови права и заштита на животната средина, како и дека Европа треба секогаш да биде „глобален борец за правичност“.

Фон дер Лејен се осврна и на повеќе меѓународни прашања, нагласувајќи дека Европа мора да ги продлабочи и подобри партнерствата со своите пријатели и сојузници. Од обновување и негување на трансантлантскиот сојуз до зајакнување на партнерствата со најблиските соседи на ЕУ.

Претседателката потсети дека одлуката за отворање пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија беше навистина историска и оти иднината на целиот Западен Балкан е во ЕУ. Фон дер Лејен исто така увери дека „ќе им помогнеме и на земјите од Источното партнерство и на нашите партнери во јужното соседство - да создадат нови работни места и да ги поттикнат стопанствата“.

Во врска со Африка, Фон дер Лејен рече дека партнерството меѓу ЕУ и Африка е партнерство на еднакви, во кое двете страни споделуваат можности и одговорности. „Африка ќе биде клучен партнер во градењето свет во каков што сакаме да живееме, без оглед дали се работи за климата, дигитализацијата или трговијата“, рече таа.

Во однос на Турција, рече дека земјата е и ќе биде секогаш важен сосед. Истакна дека „додека на картата сме блиску, разликата меѓу нас како да се зголемува. Да, Турција се наоѓа во проблематично соседство. И да, има прифатено милиони бегалци, за што ги поддржуваме со значителни средства. Но ниедно од ова не е оправдание за обидите да се заплашат соседите“.

Односите меѓу Европската Унија и Кина се истовремено и меѓу стратешки најважните и меѓу оние со најмногу предизвици“, Фон дер Лејен појасни во врска со односите ЕУ-Кина. „Уште на почетокот реков дека Кина е преговарачки партнер, економски конкурент и системски ривал. Имаме заеднички интереси по прашања како што се климатските промени – и Кина покажа волја да се вклучи во дијалог на високо ниво. Но очекуваме Кина да ги почитува обврските преземени со Договорот од Париз и тоа да го покаже на дело“.

Осврнувајќи се на состојбата во Белорусија, нагласи дека Европската Унија е на страна на народот на Белорусија: „Сите сме трогнати од огромната храброст на оние кои мирно се собираат на Плоштадот на независноста или учествуваат во бестрашниот марш на жените. Изборите поради кои тие луѓе излогоа на улица не беа ниту слободни ниту фер. И бруталниот одговор на владата е срамен. Народот на Белорусија мора да биде слободен сам да одлучи за сопствената иднина“.

Претседателката вети и дека Европската комисија ќе предложи европски „Магницки документ“ и ги повика земјите-членки да прифатат квалификувано мнозинско гласање во врска со надворешните прашања, „барем оние поврзани со човековите права и спроведувањето санкции“.

Во однос на општиот пристап на Европа кон меѓународните прашања, претседателката Фон дер Лејен повика Европа „да биде глобален борец за правичност“ и нагласи дека „ако Европа сака да има витална улога во светот, ќе мора да создаде нова виталност и во самата себе“.

 

Уреднички написи: