Delegation of the European Union to Malaysia

Изјава на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија за нападот врз ЛГБТИ активистот Беким Асани

Скопје, 12/08/2020 - 13:29, UNIQUE ID: 200812_3
Press releases

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија го осудува личниот напад и заканите по живот врз ЛГБТИ активистот Беким Асани и го повикува кривичното правосудство да го испита случајот, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

Почитувањето на човековите права и владеењето на правото се камен-темелник на Европската Унија, каде секоја личност ги ужива овие права, без оглед на нивната сексуална ориентација.

Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој беше укинат по формална основа, беше првиот закон во земјата во кој родовиот идентитет и сексуалната ориентација беа вклучени како основи за дискриминација.

Ги повикуваме сите политички партии да го поддржат донесувањето на законот за антидискриминација од страна на новиот парламент како приоритетно прашање, развивајќи ги на тој начин меѓународните стандарди и останувајќи посветени на унапредување на човековите права на ЛГБТИ лицата во земјата.

Languages: