Високиот претставник Жозеп Борел - ЕУ ја потврдува поддршката за Западен Балкан

29.04.2020

Во пресрет на состанокот закажан за 6 мај меѓу ЕУ и регионот, Унијата ја засилува поддршката за Западен Балкан во справувањето со корона-кризата.

 

Како што беше објавено, Европската комисија и Европската инвестициска банка ќе обезбедат над 3,3 милијарди евра во корист на граѓаните на Западен Балкан. Целта на оваа поддршка е натамошно задоволување на итните здравствени и последователни хуманитарни потреби придизвикани од пандемијата на КОВИД-19, како и да го помогне социјалното и економското закрепнување на регионот.

https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1255468393962110976

ЕУ и Западен Балкан се заедно во соочувањето со оваа криза. Со оглед на неговата европска перспектива, ЕУ во вклучи Западен Балкан во неколку иницијативи и инструменти резервирани за земјите-членки на ЕУ. Тие вклучуваат заедничка набавка на медицинска опрема, изземање на регионот од правилата на ЕУ за одобрување извоз на опрема за лична заштита и обезбедување материјал за тестирање. ЕУ осигура и брз проток на основните производи низ копнените граници преку т.н. „зелени ленти“. Регионот е поврзан и со работата на релевантните здравствени тела на ЕУ, како и со истражувачките и иновациските активности.

Со овој пакет, ЕУ испрати уште еден силен и јасен сигнал дека ќе продолжи да ги поддржува партнерите од Западен Балкан.

Оваа поддршка ќе ги опфати и реформите потребни за напредок по патот кон ЕУ, имајќи предвид дека пост-КОВИД-19 обновата ќе биде ефикасна само доколку земјите продолжат да ги исполнуваат нивните обврски поврзани со пристапувањето кон ЕУ. Во овој контекст, партнерите од Западен Балкан се охрабруваат да се фокусираат силно на реформите поврзани со владеењето на правото, фунционирањето на демократските институции и јавната администрација.

Штом првичната криза поврзана со КОВИД-19 ќе заврши, подоцна годинава ќе биде претставен економски и инвестициски план за регионот за да ја поттикне долгорочната обнова, да го зајакне економскиот раст и да ги поддржи реформите неопходни за напредок по патот кон ЕУ.


Исто така види