Delegation of the European Union to Jamaica, Belize, Turks and Caicos Islands, Bahamas and the Cayman Islands

Се занимавате со еколошки и „паметен“ туризам? Аплицирајте на конкурсите на ЕУ што ги наградуваат местата со иновативен туризам кој ја почитува природата

28/04/2021 - 21:51
News stories

Зелениот договор, заложбата на ЕУ да ја направи Европа климатски неутрална до 2050 година, како и фокусирањето на циркуларната економија и на иновативноста ја дефинираат иднината на туризмот. Две иницијативи на ЕУ ги наградуваат предводниците на оваа позитивна промена, поттикнувајќи ги останатите дестинации да го следат нивниот пример.

 

Иницијативата „Европски исклучителни дестинации’’ (ЕДЕН) наградува одржливи практики во помалите туристички дестинации уште од 2007 година. Станува збор за активности кои се корисни за економијата, за планетата и за луѓето. ЕДЕН ги издвојува таквите пионерски пристапи кои им се посветени на целите на Европскиот зелен договор и кои ги инспирираат другите европски дестинации да продолжат со практиките на зелена транзиција.

 

 

Друг конкурс на Европската комисија носи наслов „Европска престолнина на паметен туризам’’ и се организира трета година по ред. Оваа иницијатива ги наградува европските туристички дестинации за одржливост, пристапност, дигитализираност, како и за културно наследство и креативност. Највисоко рангираните градови ќе бидат поканети да ги претстават своите кандидатури пред европско жири, кое ќе одбере двајца победници – европски престолнини на паметен туризам за 2022 година.

Сметате дека вашата активност или град се квалификува за наградите? Погледнете ги линковите подолу, аплицирајте и помогнете и’ на ЕУ да ги промовира најдобрите практики и да инспирира слична активност.  

 

 

              За конкурсот ЕДЕН:

 

#EDEN recognises and rewards achievements in green transformation practices in smaller tourist destinations. Is your destination a sustainable tourism pioneer? Then make sure to take part in the 2022 European Destinations of Excellence competition. Applications are open until 16 June 2021. Find out more about the EDEN initiative & check out the Guide for Applicants: www.ec.europa.eu/eden

#EDENEurope

 

За конкурсот за „паметни’’ престолнини:

 

The European Commission is launching the competition for the 2022 European Capital of Smart Tourism! Does your city offer innovative solutions in tourism? Then why not apply? Applications for the competition for the 2022 #EUTourismCapital are open until 16 June 2021. The Guide for Applicants can be found at www.SmartTourismCapital.eu

 

Languages: