European Union External Action

 

EEAS content

Изразуваме срдечни честитки за денешното гласање за уставните измени во Парламентот. Ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот Договор од Преспa.
 
Политичките водачи, како и граѓаните, покажаа решеност да ја искористат оваа единствена и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот, и одлучно да продолжат по патот кон Европската Унија. ЕУ силно го поддржува овој договор, кој дава пример за помирување за регионот и за цела Европа.
 
Во очекување да се исполнат следните чекори кои водат кон целосно спроведување на Договорот од Преспа, Европската Унија останува силно посветена да продолжи целосно да ја поддржува и придружува земјата во остварувањето на заедничката стратешка цел – ЕУ интеграцијата.