Delegation of the European Union to The Gambia

Помогнете ни да го спасиме културното наследство на Европа, номинирајте загрозен локалитет, сега!

18/04/2019 - 16:08
News

Доколку знаете за пример на загрозено културно наследство – историски споменик, археолошки локалитет, свето место, индустриски комплекс, историски парк, музеј или пак движно културно наследство - зошто да не го номинирате за Програмата „7 најзагрозени“ за 2020 година?

https://youtu.be/iXofli9pF6g

Програмата „7 најзагрозени“ идентификува запуштени споменици и локалитети во Европа и мобилизира јавни и приватни партнери – на локално, национално и европско ниво – со цел да се најде одржлива иднина за тие места. Ова не е програма за финансирање. Нејзина цел е да го забрза делувањето.

Еуропа Ностра, водечка мрежа за културно наследство во Европа, ја води програмава во партнерство со Институтот на Европската инвестициска банка и со поддршка од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Може да номинирате локалитет со културно наследство со помош на организација во вашата земја која е членка на Еуропа Ностра или директно, со приклучување на нашата паневропска мрежа од членки и придружни организации.

Само со ваша помош може да ги спасиме заедничките културни скапоцености!

Поднесете ја вашата номинација најдоцна до 1 јули 2019 година, на образец кој ќе го најдете на вебстраницата на „7 најзагрозени“ www.7mostendangered.eu

 

Исто така видете

Languages: