Delegation of the European Union to Gabon, Sao Tomé-et-Principe and CEEAC

Хрватска првпат претседава со ЕУ

02/01/2020 - 12:11
News

 

„Силна Европа во свет на предизвици“ е мотото на хрватското претседателство со Советот на ЕУ, кое почна на 1 јануари 2020 година.

Во следните шест месеци, програмата на претседателството ќе се фокусира на четири области: Европа која се развива, Европа која поврзува, Европа која штити, и влијателна Европа.

Ова е прво претседавање на Хрватска со Советот откако земјата стана членка на ЕУ во 2013 година.

 

 

Languages: