Delegation of the European Union to Gabon, Equatorial Guinea, Sao Tomé-et-Principe and CEEAC 

ЕУ ја поддржува филмската индустрија во регионот

21/08/2019 - 16:28
Видео

Повеќе од 30 нови филмови од Западен Балкан досега се снимени со поддршка на програмата Креативна Европа МЕДИА на ЕУ. Еден од нив е „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, кој беше премиерно прикажан на годинешниот Берлински филмски фестивал и по освојувањето неколку награди на овој и други фестивали, стана финалист за наградата ЛУКС што ја доделува Европскиот Парламент. Во овој филм, продуцентите од Северна Македонија работеа со партнери од Хрватска, Словенија, Франција и Белгија. Минатата недела, филмските работници од регионот се собраа на 25-то издание на Сараевскиот филмски фестивал, кој е поддржан од МЕДИА програмата.

Languages: