Делегација на Европската Унија во поранешна Југословенска Република Македонија

Проекти во Поранешната Југословенска Република Македонија

Од 1992 година па се до воведувањето на новиот Инструмент за претпристапна помош во 2007 година (општо познат како ИПА), финансиската помош на Европската Унија, дистрибуирана главно преку програмите PHARE и CARDS, изнесуваше повеќе од 800 милиони евра.

Помошта обезбедена во периодот 2007-2013 година, преку петте компоненти на ИПА, изнесува 622.5 (622,496,001) милиони евра. Финансиска помош се имплементира преку бројни проекти следејќи го процесот на програмирање и договарање.

Областите опфатени од проектите финансирани од ЕУ зависат според нивниот опфат, буџети и број на експерти, од големи инфраструктурни и еколошки проекти, вредни десетици милиони евра, до мали грантови за НВО кои работат на локално ниво, набавка на опрема за полицијата, реформи во судството, па дури и во евидентирањето на животни, Европската унија активно учествува и ја промовира благосостојбата на граѓаните во виртуелно сите аспекти на секојдневниот живот.

До сега, повеќе од 400 финансирани проекти на ЕУ се имплементираат во Поранешната Југословенска Република Македонија.

Најнови проекти

Languages: