Делегација на Европската Унија во поранешна Југословенска Република Македонија

За делегацијата на ЕУ во Поранешната Југословенска Република Македонија

Со стапувањето во сила на Лисабонскиот договор на 1 декември 2009, ЕУ е претставувана во поранешна Југословенска Република Македонија преку Делегацијата на Европската Унија. Според новиот Договор "Делегациите на Унијата ќе бидат ставени под надлежност на Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика. Тие ќе дејствуваат во тесна соработка со дипломатските и конзуларните мисии на земјите членки". Делегациите ја претставуваат Европската Унија и служат на интересите на Европската Унија ширум светот. Постојат повеќе од 130 делегации ширум светот.

Делегацијата на Европската Унија во поранешна Југословенска Република Македонија беше официјално отворена во март 2000. Делегацијата на Европската Унија претставува врска помеѓу националните власти и институциите на ЕУ. Од донесувањето на одлуката од страна на Европскиот совет земјата да се признае како земја кандидатка за членство во ЕУ (Заклучоци на претседателството 15914/05 од 16 декември 2005), работата на Делегацијата на Европската Унија значително се фокусираше на мониторинг и известување за постапувањето согласно на политичките и економските критериуми за членство во ЕУ, како и усогласување на законодавството со законите на ЕУ и капацитетите за негова примена и спроведување.

Една од клучните задачи на Делегацијата е да ги информира властите, институциите, медиумите, и граѓаните на поранешна Југословенска Република Македонија за претпристапниот процес и за институциите и политиките на ЕУ. Исто така, одржува редовни контакти со академските институции, бизнис заедницата, и претставниците на граѓанското општество.

На патот кон нејзиното членство, Европската Унија обезбедува континуирана поддршка и финансиска помош за да ѝ помогне на земјата во неопходните реформи. Делегацијата на Европската Унија е договорен орган за повеќе од 250 завршени и тековни проекти. Исто така, таа дава поддршка за воспоставување и развивање на целосен оперативен капацитет на структурите кои се неопходни за раководење со претпристапните програми финансирани од ЕУ, ги поддржува и следи националните институции кои се одговорни да ги применуваат децентрализираните процедури.

Почитувани посетители,

Добредојдовте на нашата веб страна!

Се надевам дека ќе ви овозможи лесен пристап до информации поврзани со целите, активностите и институциите на Европската Унија во целина, но исто така и информации за вашата земја и информации на глобално ниво. 
Тука ќе ги најдете најновите детални информации за процесот на проширување и за помошта што ја обезбедува Европската Унија. 
Се надевам дека нашата веб страна ќе ви помогне да разберете подобро како функционира Европската Унија, процесот на европска интеграција како и да ја разберете нашата работа во Делегацијата на ЕУ. 
Слободно може да не контактирате директно со вашите предлози или кога ви се потребни дополнителни информации .

Самуел Жбогар 
Шеф на Делегацијата на Европската Унија

Шеф на Делегацијата на Европската Унија

  • Самуел Жбогар

Помошник шеф на Делегацијата на ЕУ

  • Паула Сехалво Кабрал

Раководител на Оддел за политички прашања, правда и внатрешни работи; информации и комуникации; Контакт лице за човекови права

  • Лукаш Холуб

Раководител на Сектор за соработка

  • Никола Бертолини

Раководител на Оддел за оперативни работи 1: Економија и финансии

  • Јаромир Левичек 

Раководител на Оддел за оперативни работи 2: Регионален развој, социјална политика, земјоделство, прекугранична соработка

  • Мауро Ди Вероли

Раководител на Оддел за финансии и договори 

  • Вероника Утла

Раководител на администрација

  • Бруно Касиеде
Languages: