Delegation of the European Union for the Pacific
Responsible for Cook Islands, Federated States of Micronesia, Fiji, Kiribati, Nauru, Niue, Palau, Republic of Marshall Islands, Samoa, Solomon Islands, Tonga, Tuvalu, Vanuatu as well as the four Overseas Countries and Territories in the Pacific

Посилна Европска Унија во рамките на подобар, позелен и побезбеден свет – клучни принципи што ќе ме водат за време на мојот мандат

01/12/2019 - 11:11
From the blog

Ми претставува чест и привилегија да ја преземам улогата на Висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија

 

Ми претставува чест и привилегија да ја преземам улогата на Висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија. Во сè посложен и проблематичен свет, одговорноста за управувањето со нашата заедничка надворешна политика е задача што ја сфаќам многу сериозно. Како глобален лидер, Европската Унија има вистинско влијание - и во нашето најблиско окружување и ширум светот.

Ќе се стремам да се осигурам дека Европската Унија продолжува да биде сигурен, кооперативен и принципиелен глобален играч, што работи за побезбедна Европа и побезбеден свет. Активно ќе се ангажирам со нашите меѓународни партнери, да спречиме и да одговориме на кризи и да се справиме со глобалните предизвици како што се климатските промени, незаконската миграција или нееднаквоста. Сакам Европската Унија да стане уште посилен чинител ориентиран кон светот и референтна точка за глобалната стабилност и развој.

Европската Унија го има тоа што е потребно за да ја оствари оваа суштинска мисија. Ги имаме на располагање сите алатки и ресурси – од дипломатија до трговија, развојна соработка и управување со кризи. Поставуваме низа правила и стандарди и постапуваме како непоколеблив бранител на мултилатеризмот и демократските вредности. Комбинацијата на горенаведеното нè прави лидер при обезбедувањето одговор на глобалните предизвици и покажување на патот напред. Нашата заедничка европска надворешна и безбедносна политика ја сочинува основата за преземање поголема улога во светот.

При градењето посилна Европска Унија, ќе се водам од следниве начела:

реализам: Во свет на политика на моќ, мораме да размислуваме и да се однесуваме како глобален лидер. Треба да постапуваме врз основа на јасна заедничка визија за нашите стратешки цели и интереси. Треба да ги поврземе внатрешните и надворешните аспекти на нашите политики, да го искористиме нивното влијание и да донесеме побрзи и поефективни одлуки.

единство: Потребна ни е вистински интегрирана надворешна политика што ја комбинира моќта на земјите-членки на ЕУ и потенцијалот на нивната заедничка акција, со координираната мобилизација на инструментите на ЕУ.  Само на тој начин нашиот заеднички глас ќе биде слушнат јасно и гласно

партнерство: Денешните глобални предизвици бараат колективни одговори. Партнерството е во ДНК на Европската Унија. Мултилатеризмот е во сржта на нашата глобална акција. Можеби треба да го предефинираме системот заснован врз правила и да се направи соодветен за 21-от век, но нема да го напуштиме.

Европската Унија има одговорност кон своите граѓани и партнери ширум светот. Одговорност да се осигури безбедност и мир, да се промовира одржлив развој, демократија и владеење на правото, основни слободи и човекови права. Со нетрпение очекувам да ја унапредиме оваа визија и да придонесеме кон градењето посилна Европска Унија во рамките на подобар, позелен и побезбеден свет.

На самиот почеток на мојот мандат, ќе присуствувам на отворањето на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени ЦОП25 (надворешна врска) во Мадрид, а потоа ќе отпатувам во Париз за да им оддадам почит на 13 француски војници кои неодамна загинаа во Мали.

Уреднички написи: