Delegation of the European Union to Cuba

Во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан, граѓанското општество дискутираше за градење отпорност кон дезинформациите

04/10/2021 - 17:35
News stories

На второто издание на Конференцијата за медиумска писменост меѓу ЕУ и Западен Балкан, ЕУ собра на едно место проверувачи на факти, новинари и претставници на младите и на властите од Западен Балкан и од остатокот од Европа, на разговори за градење отпорност кон дезинформациите. Освен публиката која беше присутна во Музејот на современа уметност во Скопје, настанот онлајн го следеа уште околу 700 лица.

© Mim (Macedonian Institute for Media)

 

Во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан (Брдо, 6 октомври 2021 година), на 27 септември во Скопје, Северна Македонија, се одржа второто издание на Конференцијата за медиумска писменост меѓу ЕУ и Западен Балкан како хибриден настан – со онлајн и физичко присуство на учесниците.

Обраќајќи се на конференцијата, високиот претставник на ЕУ и потпретседател Жозеп Борел рече: 

„Справувањето со дезинформациите бара пристап од целата влада кој го олеснува учеството на целото општество. За десет дена ќе се одржи самитот ЕУ-Западен Балкан, најважниот настан на високо ниво на кој се разговара за нашите односи. Во ЕУ не постои никаква дилема: Западен Балкан е во срцето на Европа и имаме заедничка одговорност да изградиме мирна, просперитетна и обединета Европа. Воедно имаме и заедничка одговорност да комуницираме за тоа“.

Борел рече и дека „конференцијата е јасен пример за продуктивна соработка меѓу луѓето од Западен Балкан и од ЕУ во справувањето со заедничките предизвици; инвестирањето во оснажнувањето на луѓето од Западен Балкан е инвестирање во посилна Европа“.

 

 

Во пресрет на самитот ЕУ - Западен Балкан, претставниците на Западен Балкан и ЕУ разменија мислења за прашањата на дезинформациите, социјалните медиуми, предизвиците за професионалното новинарство, како и за важноста на медиумската писменост во новото медиумско опкружување.

Настанот е дел од низа јавни и граѓански активности во Западен Балкан кои даваат придонес во дискусиите на Конференцијата за иднината на Европа. Заклучоците на Конференцијата, кои ќе содржат план за спроведување, ќе бидат објавени на нејзината платформа.

 

Конференција за медиумска писменост меѓу ЕУ и Западен Балкан

Второто издание на Конференцијата за медиумска писменост меѓу ЕУ и Западен Балкан го отворија претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, високиот претставник/потпретседател Жозеп Борел, шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир и директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска.

Во конференцијата се вклучија повеќе истакнати говорници и учесници од Западен Балкан и ЕУ, меѓу кои Росана Алексоска од граѓанската асоцијација МОСТ од Северна Македонија, Клодиана Капо, директорка на сервисот за проверка на факти „Фактоје“ од Албанија, Драгана Зарковиќ-Обрадовиќ, директорка на БИРН Србија, Агрон Бајрами, главен уредник на Коха Диторе од Косово, Тијана Цвјетиќанин, уредничка на „Раскринкавање“ од Босна и Херцеговина, и Милан Јовановиќ, истражувач во Дигиталниот форензички центар на Црна Гора.

Конференцијата ја организираа ЕУ и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), како дел од активностите на ЕУ за градење отпорност кон дезинформациите во Северна Македонија и во регионот на Западен Балкан, преку инвестирање во медиумска писменост и преку поддршка на граѓанското општество и слободата на медиумите.

Првото издание на конференцијата насловено како „Медиумска писменост и борба против дезинформациите во време на пандемија“ се одржа онлајн и во Брисел, Сараево и Бања Лука (Босна и Херцгеовина) на 29 септември 2020 година.

Заклучоците од конференцијата ќе бидат земени предвид во активностите на кои заедницата за градење отпорност кон дезинформациите ќе работи до следниот собир за медиумска писменост меѓу ЕУ и Западен Балкан, планиран за следната година.

Автор