Delegation of the European Union to Colombia

ЕУ за уметностите: „Уметноста на досадата’’ продолжува со „Бегство’’

18/05/2021 - 18:09
News stories

Два месеца по отворањето на изложбата што ја претстави креативноста за време на пандемијата, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир сега е домаќин на нејзино продолжение. Новата изложба ја истражува идејата за уметноста како бегство од реалноста – тема која исторемено е и естетска и филозофска. Поставката, чија цел повторно е да го надомести отсуството на културни настани во периодот на ковид-19 и да им помогне на локалните уметници да добијат публика во живо, е отворена за бесплатна посета до крајот на јуни.

 

Дали „бегството’’ преку уметноста е чин на самоослободување, начин на надраснување на ограничувањата или пак средство за подобро разбирање и прифаќање на реалноста?

Овие прашања ги истражуваат сликите, скулптурите и инсталациите на локални уметници кои ја сочинуваат изложбата „Бегство’’, која на 18 мај во резиденцијата на ЕУ во Скопје ја отворија амбасадорот Дејвид Гир и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи.

Со помош на галеријата Акантус од Скопје, изложени се уметнички дела на Стефан Маневски, Газанфер Бајрам, Доротеј Нешовски, Горан Ристевски, Зулејха Зубери Али, Софија Григоријадо, Дурмиш Ќазим, Атанас Ботев, Христијан Томаноски и Воскресија Андреевска.

Амбасадорот Гир изјави дека оваа изложба, како и првата - отворена на истото место пред два месеца под наслов „Уметност на досадата“, и’ нуди на јавноста уште една можност да погледне прекрасни креативни дела и претставува начин да се поддржат локалните уметници и културни работници во време на пандемија.

Изложбата е отворена за јавноста до 30 јуни 2021 година. Резервирајте термин за посета со бесплатен билет на оваа платформа: https://www.eventbrite.com/e/art-of-boredom-tickets-146369080861. За време на посетата ќе се почитуваат сите мерки за заштита на ковид-19. Сите изложени дела се на продажба.

https://www.youtube.com/watch?v=3Wr1UNhCsOM

Languages: