Delegation of the European Union to Colombia

Итни реформски приоритети за поранешна Југословенска Република Македонија

Bruxelles, 12/12/2016 - 13:02, UNIQUE ID: 161212_11
Remarks

Овие реформски приоритети ги подготви Европската комисија врз основа на претходно дадените препораки и претходно договорените реформски приоритети во овие области што се потврдени и дополнети со наодите на Групата високи експерти.

Тие имаат за цел да се зафатат со системските слабости што се поврзани со правењето и содржината на прислушуваните материјали, како и со хоризонталните слабости што придонесоа за создавање на состојбата што доведе до сегашната политичка криза.

Следењето и спроведувањето на овие реформски приоритети ќе се врши преку контакти со сите засегнати чинители и преку Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН), заедно со реформските приоритети што се дел од него, какви што се на пример меѓуетничките односи и економското владеење (вклучително и управувањето со јавните финансии).

Овие итни реформски приоритети мора да се читаат заедно со подеталните технички „Препораки на Групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото поврзани со следењето на комуникациите откриено во пролетта 2015“, и сите треба да се спроведат во целост. Претходните препораки во рамки на Извештајот за напредокот и во ПДВН остануваат да важат.