Delegation of the European Union to Bangladesh

„Јуроп хаус“ – ново собиралиште за млади и ЕУ вредности во градот

07/11/2019 - 12:23
News

Откако беше реновиран, поранешниот ЕУ Инфо Центар се враќа како своевиден центар за млади. Во согласност со неговата намена, Јуроп Хаус (Куќа на Европа) беше отворен од претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, кој, заедно со амбасадорот Самуел Жбогар, таму одржа дебата со средношколци од целата земја.

Со симболично предавање на клуч од објектот на студентите, претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли официјално го отвори Јуроп Хаус, место наменето пред се’ за младите.

Реновираниот поранешен ЕУ Инфо Центар има за цел да ги собере на едно место младите, да им помогне да разменуваат идеи и да ги поврзе со други луѓе за да создаваат нови можности за себе и за земјата.

Дел од отворањето беше и дебатата на Сасоли и амбасадорот Жбогар со средношколци од Берово, Валандово, Виница Демир Хисар, Кавадарци, Кочани, Скопје, Струга, Струмица, Тетово и Центар Жупа на тема „Визијата на младите за ЕУ“.


„Иднината е и во ваши и во наши раце“, рече Сасоли, нагласувајќи дека ЕУ треба да и’ помогне на Северна Македонија да стане членка и да учествува во градењето нова Европа, процес што треба да го предводат младите.

 

Languages: