Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите за 2021 година ќе промовира приватни или јавни иницијативи кои покажуваат разбирање за проблемот со вработување во ромските заедници и ќе им даде признание и поддршка на позитивните модели кои даваат конкретни резултати.
Интеграцијата на Ромите останува клучен приоритет во процесот на проширување на ЕУ. Европската комисија е посветена на поддршката и оддавањето признание на активностите на институциите, приватните компании и граѓанските организации кои го помагаат вработувањето на Ромите.
Повеќе информации, заедно со формуларите за аплицирање/номинирање, ќе најдете овде https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/news_corner/news/call-applications-now-open-2021-eu-award-roma-integration-western-balkans-and_en