Delegation of the European Union to Algeria

Интервју на амбасадорот Жбогар за МИА: И покрај одлуката што (не) ја донесе Советот, ЕУ останува посветена на Северна Македонија и регионот

23/10/2019 - 14:48
Видео

Амбасадорот изрази разбирање за разочарувањето на граѓаните и политичарите од исходот на состанокот на Европскиот совет, на кој не беше одреден датум за отворање пристапни преговори со Северна Македонија, но нагласи дека проширувањето останува стратешки приоритет за ЕУ. Унијата ќе продолжи да работи со земјата и да ја поддржува, одржувајќи во наредните месеци внатрешни дискусии за промени во политиката на проширување. Барањата за промени во методологијата се во согласност со нашата заедничка цел да имаме подобри резултати во процесот на проширување. Конечно и земјите-кандидатки ќе имаат корист од ова прилагодување – тоа може да донесе поголема предвидливост и сигурност во процесот. Беше добро да се слушне дека политичките водачи ја потврдија својата посветеност на иднината во ЕУ и на реформите. Отворањето преговори е симболичен чин, тоа е важно, но само по себе не го менува животот на луѓето. Реформите се тие кои го подобруваат здравството, образованието, судството и економијата. Да се фокусираме сите на постигнувањето вистински промени, вели Жбогар во интервјуто.

Languages: