Билтен Јули – Септември 09 (13/07/2011)

1. ЕУ презема чекори за безвизно патување и ги охрабрува реформите за одредниците

Високиот претставник Солана дојде во редовна посета на земјата во месец јули, по што следуваше посетата на комесарот Рен за да се направи преглед на напредокот во однос на одредниците, и да се истакне огромниот чекор во однос на предлогот на Европската комисија за безвизно патување. Во септември, комесарот за образование и култура, Јан Фигел дојде во Скопје за да го отвори XIV издание на Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот.

2. Потпишан договорот за финансирање на компонентата за регионален развој

На 14 септември 2009, СПЕУ и шеф на Делегацијата на Европската комисија, Ерван Фуере и вице-премиерот за евроинтеграции, Васко Наумовски го потпишаа Договорот за финансирање на компонентата за регионален развој од инструментот за претпристапна помош (ИПА).

3. Твининг проект: завршена втората фаза од развојот на капацитетите за борба против перењето пари

На завршната конференција, која се одржа на 9 септември беше одбележано завршувањето на втората фаза од твининг проектот за развој на капацитетите за борба против перењето пари. Проектот претставуваше дел од заложбите на Европската комисија да помогне во зајакнувањето на капацитетите за спречување и борба против организираниот криминал.

Прочитајте го целиот билтен