Граѓанското општество и ЕУ

Граѓанските организации (ГО) имаат клучна улога во спроведување на реформите во земјите–кандидатки за членство во ЕУ, како што е случајот со поранешна Југословенска Република Македонија. Нивната работа може да биде клучна за одредување на брзината и на квалитетот со кој ќе се одвива пристапниот процес, како и за придобивање на јавна поддршка за пристапувањето.

Одговорноста за зајакнување на улогата и влијанието на граѓанското општество во земјите-кандидатки лежи во самите држави. Сепак, Европската Комисија е спремна да ја зајакне својата поддршка во овие земји за развојот на граѓанското општество.

Покрај значителното зголемување на финансиката помош за проекти поврзани со граѓанското општество преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Комисијата планира да продолжи да ги подобрува консултациите со претставниците на граѓанското општество и да изнајде други мерки со кои ќе може да го зајакне граѓанското општество, на пример преку управување со донациите и обезбедување безвизно патување за граѓаните на земјите-кандидатки и потенцијалните земји-кандидатки.