Хронологија на билатералните односи

1996

поранешна Југословенска Република Македонијасе квалификува за финансирање од програмата Фаре на ЕУ.

1997

Регионален пристап. Советот на министри на ЕУ воспоставува политичка и економска условеност за развој на билатералните односи.

Јануари 1998

Договорот за соработка и Договорот на полето на транспортот стапуваат во сила.

Отворање на канцеларијата на постојаниот претставник во Скопје.

1999

ЕУ предлага нов процес за стабилизација и асоцијација (ПСА) за пет земји од југоисточна Европа. На 16 јуни 1999, заклучокот од физибилити студијата за отворање на преговори со поранешна Југословенска Република Македонија е позитивен.

24 јануари 2000

Советот усвојува преговарачки директиви за Stabilisation and Association Agreement.

март 2000

Унапредување на ЕК во Скопје во постојана Делегација на Европската Комисија.

Почеток на преговорите помеѓу ЕУ и поранешна Југословенска Република Македонијаза склучување на Спогодба за стабилизација и асоцијација.

јуни 2000

Во Санта Марија де Феира (Португалија) се состанува Европскиот Совет и потврдува дека и натаму најзначајната негова цел ќе биде целосната интеграција на земјите од регионот во главните политички и економски текови на Европа, и дека „сите засегнати земји се потенцијални кандидати за членство во ЕУ“.

9 април 2001

По успешното завршување на преговорите на Загребскиот самит од 24 ноември 2000 година, во Луксембург е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Истиот ден е потпишана и Времената спогодба; со Времената Спогодба страните дозволуваат влегување во сила на трговските прашањата од ССА.

1 јуни 2001

Според Договорот за соработка, поранешната југословенска Република Македонија ужива бенефиции од асиметричните трговски односи со ЕУ.

28 јуни 2001

Назначување на специјалниот претставник на ЕУ Франсоа Леотард.

септември 2001

Стартување на Програмата на ЕУ за Помош во Итни Случаи, управувана од Европската Агенција за Реконструкција, Оперативен Центар Скопје.

29 октомври 2001

Назначување на новиот специјален претставник на ЕУ Ален ле Роа.

12 март 2002

Донаторска конференција за ПЈР Македонија во Брисел

04 април 2002

Прв годишен извештај за процесот за стабилизација и асоцијација на Европската Комисија

21 – 22 јуни 2002

На конференцијата во Севиља, Советот на Европа искажа подготвеност за превземање на обврските од НАТО во ПЈР Македонија.

09 октомври 2002

Новиот шеф на делегацијата, Донато Киарини ги претставува своите акредитации на претседателот на ПЈР Македонија, Борис Трајковски.

1 ноември 2002

Назначување на новиот специјален претставник на ЕУ, Алексис Брункс

30 април 2003

Канцеларијата за хуманитарна помош на Европската Комисија (ECHO) ги завршува активностите во ПЈР Македонија по речиси 10 години.

26 март 2003

Втор годишен извештај за процесот за стабилизација и асоцијација на Европската Комисија

31 март 2003

ЕУ ја превзема меѓународната воена мисија во ПЈР Македонија од НАТО

јуни 2003

Самитот во Солун се смета за историски бидејќи за прв пат во историјата на Европската Унија, мини-самит именуван како ‘Самит ЕУ – Западен Балкан’ беше одржан во рамките на самитот. На овој начин, Европската Унија испраќа позитивен политички сигнал за идната европска перспектива на Западен Балкан.

1 февруари 2004

Назначување на новиот специјален претставник на ЕУ, г-дин Сорен Јесен Петерсон

30 март 2004

Европската Комисија ги одобри првите Европски Партнерства за Западен Балкан, а кои се инспирирани од пристапните партнерствата кои во минатото помогнаа во подготвувањето на земјите за нивно евентуално членство. Партнерствата се засновани на третите годишни извештаи на овие земји кои беа публикувани, исто така, на 30 март.

1 април 2004

Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) помеѓу Европската Унија и ПЈР Македонија, потпишан на 9 април 2001, стапи на сила на 1 април, водејќи ја земјата чекор нанапред на патот кон европските интеграции. Ова е прва Спогодба за стабилизација и асоцијација кој стапи на сила.

1 мај 2004

Историското проширување на Европската Унија на 1 мај го зголеми европското семејство до бројка од 25 држави, а населението на Унијата за 20% до 450 милиони жители. Настанот го создаде најголемиот единствен пазар на светот.

3 јуни 2004

Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу ПЈР Македонија и ЕК, кој беше формиран по стапувањето во сила на Договорот за стабилизација и асоцијација, го одржа својот прв состанок во Скопје на 3 јуни 2004.

01 септември 2004

Пристигнување на новиот специјален претставник на ЕУ, г-д Мајкл Салин.

14 септември 2004

Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу ПЈР Македонија и ЕК, кој беше формиран по стапувањето во сила на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, го одржа својот прв состанок во Брисел на 14 септември 2004.

1 октомври 2004

Претседателот на Европската Комисија, г-дин Романо Проди, дојде во официјална посета на Скопје за да го предаде прашалникот од Комисијата на владата, кој е неопходен за Комисијата да изготви мислењето за апликацијата на земјата за членство во ЕУ.

26 ноември 2004

Новиот комесар за проширување, д-р Оли Рен, (кој сега ги покрива и земјите од Западен Балкан) доаѓа во прва официјална посета во Скопје.

1 ноември 2005

Ерван Фуере е назначен за нов специјален претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на ЕК.

9 ноември 2005

Европската Комисија даде мислење за апликацијата на поранешна Југословенска Република Македонијаза членство во Европската Унија. Со мислењето се препорачува доделување на статус на кандидат за членство во ЕУ.

16 декември 2005

Европскиот совет одлучи да ја признае земјата како кандидат за членство во ЕУ.

30 јануари 2006

Советот го усвојува Европското партнерство.

14 февруари 2006

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо прв пат дојде во официјална посета на поранешна Југословенска Република Македонија, во придружба на комесарот за проширување Оли Рен.

1 јануари 2007

Бугарија и Романија станаа членки на ЕУ

30 октомври 2007

Потпишување на ИПА Рамковниот договор и Финансискиот договор за ИПА 2007 Националната програма.

1 јануари 2008

Договорот за олеснување на визниот режим и Договорот за реадмисија со ЕУ стапуваат на сила.

18 февруари 2008

Советот го усвојува Пристапното партнерствоза земјата, со обновување на претходното Европско партнерство од 2006 година.

Февруари 2008

Почеток на дијалогот за визна либерализација.

Март 2008

Европската комисија ја усвојува комуникацијата за Западен Балкан, во која се укажуваат одредниците за преминување во следната фаза од пристапниот процес .

Мај 2008

Европската комисија го претстави патоказот со кој се поставуваат неколку одредници за визна либерализација со земјата .

15 јули 2009

Европската комисија даде предлог за доделување на визна либерализација на поранешна Југословенска Република Македонија.

14 октомври 2009

 ЕК даде предлог за отварање на преговорите за пристапување на земјата во Европската Унија.

1 декември 2009

Лисабонскиот договор стапува во сила.

1 декември 2009

Делегацијата на Европската комисија во поранешна Југословенска Република Македонија се преименува во Делегација на Европската Унија во поранешна Југословенска Република Македонија.

19 декември 2009

The Visa free travel for citizens of the former Yugoslav Republic of Macedonia, Montenegro and Serbia to the Schengen area.

1 март 2011

Питер Соренсен назначен за нов шеф на Делегацијата на Европската Унија.

1 март 2012

Аиво Орав назначен за нов шеф на Делегацијата на Европската Унија.

1 јули 2013

Хрватска стана членка на ЕУ